Оризопроизводителите незадоволни од откупот, се закануваат со протест

Оризопроизводителите од кочанско контра заменик министерот за земјоделие Tрајан Димковски. Јавно го повикуваат да направи увид во документите за да  увиди дека оризовата арпа годинава се продава под просекот. Бараат воведување на  нова интервентна мерка од  пет денари за по килограм. Сметаат дека само така ќе се спаси досега најлошата година во производството на оризова арпа. Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводителството до крајот на неделата  на заменик министеротот ќе му врачи  и протесно писмо во кое ќе бараат  средба  со него за да му ја презентираат фактичката состојба, во спротивно излегуваат на протести. Вчерашната изјава на  Димовски дека откупната цена  не е под 20денари , дополнително ги разгневи оризопроизводителите кои велат дека оризовата арпа се продава од 16до 19денари, а по фантастични 20 денари се откупа само Сан Андреата

  „Најодговорно тврдам оризовата арпа се откупува од 17 до 20денари. Едно да знае министерот само сортата Сан Андреа се откупува по 20, а има сорти шо се откупуваат и по 16. Тоа што го велат е невистина „-изјави Здравко Арсов од Иницијативен одбор за спас на оризопроизводителството.

Со оваа цена не можат да се покријат ни најосновните трошоци за производство, се жалат оризопроизводителите кои се приморани поради лошиот откуп, овогодинешниот род или да го складираат во амбарите или да го продаваат испод цена… Реагираат и на средбите што во изминатиот период ги организирале од министерството, од кои произлегла  како што велат оваа нашминкана состојба којашто се планисира во јавноста..

  „Министерот во Кочани бил пред две недели и наместо да им средба со нас тој имал средба со откупувачите. Ние сме две различни нешта. Тој требаше  и со нас да се сретне, како што беше претходно договорено. Но за жал  се случи то што се случи и од тој разговор ние немаме ништо„-изјави Арсов…

Од министерството се децидни, за нова интервентна мерка со оризопроизводителите се спремни да  преговаарат, но само ако цената на  арпата падне под 20денари.

 „Во моментот цената се движи над 20денари. Се надевам дека нема да се спушти. Доколку падне под таа цена има простор о моментот цената се движи над 20денари. Се надевам дека нема да се спушти. Доколку падне под таа цена има простор а разговор„- изјави вчера во Штип Трајан Димковски.

 Дали  конечно ќе се слушне лелекот на земјоделеците од кочанско ќе биде известно до крајот на неделата , кога заменик министерот ќе треба да одговори на протесното писмо коешто ќе му го достават оризопроизводителите..поради сушата и ниската откупна цена од година во година  во кочанско се побројни се нивите кои остануваат непосеани со ориз. 

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста