Рушиме светски рекорди по загаденост, а нема кој да казнува, голем број инспектори во изолација

Во време кога Скопје е меѓу првите десет градови во светот поради загаденост, остана без инспектори. Четворица инспектори од Државниот инспекторат до петок ќе останат во изолација, откако нивни колега добил резултати дека е позитивен на вирусот. Денес нема да има инспектори на терен, но од утре се очекува евентуални прекршувања на фабриките со А интегрирана дозвола да ги нотираат инспектори од Тетово и Гевгелија.
-Сега фокус за овие два дена ќе бидат големите загадувачи, за да можеме да постасаме со овој дефицит на луге, но во секој случај о малите загадувачи во моментот кога ќе имаме поголем капацитет ќе ги постигнеме на терен. Ќе мора да одиме и да ги инспектирме-изјави Ана Петровска-в.д. директор на ДИЖС
Поради малиот број на вработени, во инспекторатот не можело да се воведе мерката ротација на вработените. Моменталната состојба уште еднаш потврдува дека се потребни нови вработувања.
-Да обезбедиме за наредна година нови вработувања за минимум четири инспектори и тоа да го покриеме Североисточен плански регион, Куманово и Крива Паланка каде што моментот немаме луѓе и да појачаме во Скопје бидејќи таму се наоѓаат една четвртина од вкупните загадувачи, изјави Петровска
Скопје, Куманово и Кочани деновиве се меѓу градовите со висока концентрација на ПМ честички. Научници од Кипар и Германија во својата студија укажуваат дека токму 15 %од смртните случаи од Ковид-19 се должат веројатно на загадениот воздух.
Александра Ристеска