Нема услови за настава во поплавеното средно училиште во Кочани

Нема услови за настава со физичко присуство, е ставот на менаџментот на средното  училиште „Гошо Викентиев„ во Кочани. Ипо речиси една недела  од полавувањето, училиштето се уште не е безбедно. Од понеделник екипи ќе ја испитуваат електричната инсталација на првиот кат. По направениот увид ќе се знае дали училиштето полека ќе се враќа во нормала.  Градежен,шумарски и проценител за електрика извршија проценка на штетата. Нивните извештаите треба да бидат готови до крајот на наредната недела.

   „Треба да оставиме проценителите да си ја завршат својата работа и да утврдеме колкава штета е направена и дали е направен пропуст. Потоа ќе бараме одговорност „-изјави Спирко Златков,в.д на СОУ„Гошо Викентиев„-Кочани

Договорот помеѓу изведувачот виничката фирма„Еврометал„ и училиштето е склучен на 26 октомври. Според документацијата објавена на сајтот за електронски набавки на тендерот аплицирале четири градежни фирми . Избран е најефтиниот понудувач кој во рок од четири месеци треба да ги заврши работите . Минатата недела градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов најави   целосна ревизија на постапката за јавна набавка. До поплавување на училиштето дојде откако изведувачот го открил кровот и водата од поројните дождови и снег ги потпи двата ката .

 „ Нашето училиште од претходното раководство има распишано тендер за реконструкција на дел од кровната конструкција. Изведувачот го открил кровот и го оставил непокриен и незаштитен. Тоа е првичната информација. Во моментот работиме на случајот, да го расчистиме и да видиме кој направил пропуст и придонел до ваква хаварија„-изјави Спирко Златков, в.д на СОУ„Гошо Викентиев„-Кочани.

 Деновиве треба да завршат градежните активности на кровната конструкција. Во училишната зграда функционира само приземјето, а според првичните проценки целосно се уништени седум училници, над 70компјутери и училишен инвентар. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста