Тешки денови за текстилот, конфекцијата „Мода“ отпушти 50 вработени

Педесет работници во најголемата конфекција во Свети Николе „Мода„ останаа дома, откако договорите на определено време не им ги продолжија. Ваквата одлука менаџментот  ја донесе откако драстично им се намалиле нарачките од Германија, па компанијата во изминатите месеци имала повеќе расходи отколку приходи. Доколку состојбата во Европа со делта сојот во наредните месеци екскалира постои опасност во октомври по основ на технолошки вишок да бидат отпуштени уште 150 работници.

         „Во тој период ќе видиме кои работници сами ќе се пријават за да заминат.Има голем број на такви работници постари кои имаат здравствени проблеми. До тогаш ќе видиме дали ќе има потреба да напуштиме и други. Се ќе зависи од ситуацијата на пазарот на текстилната индустрија, односно дали ќе добиеме нови нарачки„ -изјави Ангел Димитров, сопственик на ТК„Мода„-Свети Николе.

   2021 се покажа како кобна за текстилната гранка. Помошта од државата  помогна само да се преброди периодот, но не и да се зајакни индустријата. Потребни се реални мерки. Набавка на опрема и бескаматните кредити што ги понуди власта како опција нема да бидат од полза, туку само ќе ја продолжат агонијата на компаниите, посочува Димитров кој истовремено е и преседател на Организацијата на работодавачи.

   „Во Македонија не постои начин барем до сега да се исплаќаат изгубените работни часови на работниците поради Ковид-19, како што е примерот во Германија. Дали владата сега соочена со новите откази и зголемувањето на бројот на невработените ќе покаже поголем интерес и ќе изнајде некој други мерки во поглед на ослободување на даноци, придонеси сио што ќе се олесни финансикиот товар на работодавачите и да се задржат тие луѓе иако не работат , тоа останува на нив„-објаснува Димитров.

Според информациите од Организација на работодавачи, деновиве  голем дел од компаниите биле приморани за 30-50% да го намалат бројот на вработени. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста