Александар Николовски на средба со италијанскиот европратеник Марко Зани од партијата „Лега“ на Матео Салвини

Денес во рамки на посетата на Брисел се сретнав со Марко Зани- Пратеник во Европскиот Парламент од партијата „Лега“ на Матео Салвини од Италија. Марко Зани е член на највисокото раководство на „Лега“ на Салвини, а во исто време и Претседател на групата „ Идентитет и Демократија“ – политичка група во Европскиот Парламент која брои 73 пратеници во Европскиот Парламент. Со господинот Зани Зборувавме за воспоставување соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Лега како политички партии, како и за потесна соработка помеѓу Македонија и Италија. На средбата го информирав господин Зани за актуелните случувања во Македонија, назадувањето на економијата, корупцијата, состојбата со владеењето на правото, како и предизвиците со кои Македонија се соочува.  Зборувавме за стратешкиот приоритет за интерграција на Македонија во Европската Унија. Исто така зборувавме за неопходноста од одржување предвремени избори и во Италија и во Македонија на кои граѓаните ќе го кажат своето мислење каде треба да се движи политиката и кој да ги води. На средбата заклучивме да ја продлабочиме соработката во следниот период и да оствариме партиски посети на Италија како и возвратна на Македонија, напиша на Фејсбук, Александар Николовски.

СРЕДБА СО МАРКО ЗАНИ ЕВРОПРАТЕНИК ОД ИТАЛИЈА ОД „ЛЕГА” НА САЛВИНИ Денес во рамки на посетата на Брисел се сретнав со…

Publiée par Aleksandar Nikoloski sur Mardi 10 septembre 2019