АЛЕКСАНДАР АШАДАНОВ ОД ЖРК ВАРДАР Е НОВ МАКЕДОНСКИ ЖЕНСКИ СЕЛЕКТОР
Македонската кошаркарска федерација го постави младиот Александар Ашаданов за селектор на нашата најдобра женска селекција. Тој досега беше асистент на Владимир Ѓоровиќ и тренер во ЖРК Вардар, а селекцијата ја презема непосредно пред почетокот на квалификациите за Европското првенство во 2023-тата година. Ашаданов ќе дебитира во дуелите од А групата во која не очекуваат Германија, Белгија и Босна и Херцеговина.
КАТЕГОРИИ Спорт