Албин Курти победник на косовските избори, Харадинај оди во опозиција

Лидерот за Самоопределување и кандидатот на партијата за косовски премиер, Албин Курти, прогласи победа на предвремените парламентарни избори во Косово. Курти изјави дека од денес започнува да работи на создавање нова Влада со него како премиер.

“Ќе се поврземе со Демократскиот сојуз на Косово за крунисување со промените.Кога опозицијата ќе стане влада, тогаш промената е крунисана,” рече Курти. Ја прифаќаме пресудата на народот и Демократската партија на Косово оди во опозиција, призна Кадри Весели, чија партија е врзана со претседателот Хашим Таши и е на власт од 2007-ма година.

Алијанса за иднина на Косово на Харадинај е трето пласирана и го призна поразот. Курти има 44 години и е познато лице во политичкиот живот.Тој досега неколкупати беше апсен отако неговата партија организараше протести во Приштина како и за фрлање на солзавец во Парламентот.