Албански медиуми: Возила на ЕУЛЕКС влегоа во Тетово, МВР: ЕУЛЕКС не може да апси во Македонија

Влезе ли ЕУЛЕКС  и во Македонија по апсењата  на поранешни припадници на УЧК во Косово? Како што објавуваат дел од порталите на албански јазик четири возила на Меѓународната мисија се упатиле кон Тетово. Оваа вест која инстантно се прошири на социјалните медиуми, од МВР ниту ја потврдија ниту ја демантираа за Алфа. Не информираа дека ЕУЛЕКС не може да апси на територија на нашата земја, може само нашата полиција, по претходно барање од Меѓународната мисија.

ЕУЛЕКС нема јурисдикција да дејствува на територијата на нашата земја. По нејзино барање на територијата на Македонија може да апси само полицијата а уапсените лица согласно меѓународните закони да бидат предадени на земјата или на службата која ги бара – велат од МВР.

Дали треба да се апсат лица од Македонија, по барање на ЕУЛЕКС, од МВР не препратија да се обратиме во таа институција.

Претходно, Меѓународната мисија упадна во канцелариите на воени ветерани на УЧК во Косово, а го уапсија и поранешниот шеф на разузнавањето на Безбедносните сили, коЈ бил првиот од 300 осомничени за воени злосторства за време на војната во Косово 1998 година. Во изминатите две недели, во ветеранската организација три пати влегле маскирани лица кои носеле досиеја од Специјалниот суд од истрагите на лица осомничени за воени злосторства.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста