Албански медиуми тврдат: Кастриот Реџепи бил уценуван со аудио и видео материјали од групата на Изет Меџити

Не стивнуваат реакциите во јавноста по „мистериозното“ исчезнување на пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи, кој не се појави на закажаната седница за гласање недоверба на Владата. За случајот пишуваат и медиумите во Албанија, кои тврдат дека Реџепи бил уценуван од страна на високи функционери на ДУИ. Два информативни албански портали објавија статии во кои се вели дека пратеникот на Движењето БЕСА бил уценет со аудио и видео материјали поврзани со локалните избори од 2017 година, а се однесувале на изборот за градоначалник на Општина Чаир. Имено, албанските медиуми пишуваат дека функционери на ДУИ му се заканувале на Реџепи дека ако гласа за пад на власта ќе објават докази дека тој на изборите пред 4 години иако делувал како член на БЕСА, работел во корист на кандидатот за градоначалник на ДУИ, Висар Ганиу.

Од друга страна, поранешни функционери пак алармираат дека посетата на холанскиот премиер Марк Руте, на ден пред гласањето недеворба на Владата, не била случајна и оти токму посетатат на Руте била причина Реџепи да се предомисли. Поранешниот министер за финасии и висок партиски функционер во СДСМ, Никола Поповски, објави дека не е убеден во изјавата на холандскиот премиер Марк Руте дека ЕУ ја притиска Бугарија и не ја остава да прави што сака.

„Овој господин едноставно не ја зборува вистината, односно сите нас не` лж. Бугарија де факто е оставена да прави што сака. Впрочем и неговата држава најчесто го правеше истото тоа во минатото и не е исклучено пак да го прави. Сетете се на Меркел со своите ветувања пред промената на името на државата“, напиша Поповски на својот профил ан Фејсбук.

Вчера и поранешниот собраниски спикер Тито Петковски, посочи дека посетата на Руте на Македонија не била случајна и оти неговите изјави дека Европа се мобилизира, имале влијание врз текот на настаните во Парламентот.

Она пак што е симптоматично е дека токму пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи има силна поврзаност со Кралството Холандија. Тој цели 12 години работел во Амбасадата на Македонија во Холандија.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста