Албанската опозицијата се мобилизира и ги користи сите оружја за уривање на ДУИ

Албанската опозицијата се мобилизира и ги користи сите оружја за уривање на ДУИ

Албанската опозицијата се мобилизира и ги користи сите оружја за уривање на ДУИ. Европскиот сојуз за промени, составен од партиите на Изет Меџити, Африм Гаши и Биљал Касами ќе дејствува како пратеничка група во Парламентот.

На овој начин Европскиот сојуз за промена цели да ги искористи сите можности кои ги дава Деловникот на Собранието за пратеничките групи. Сметаме дека има многу отворени прашања и процеси поврзани со европската иднина на земјата за што сме сериозно заинтересирани да помогнеме, рече претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Но уште од старт, албанската опозиција се соочува со опструкции. Тие бараат од претседателот на Собранието, Талат Џафери да не го пролонгира изборот на членот на ДИК, кој треба да доаѓа од редот на опозицијата, затоа што, како што велат, тоа го прави соучесник во непочитувањето во Изборниот законик. Се пожалија и дека се уште не ги добиле ниту предлог измените на Изборниот законик, ниту пак биле информирани за евентуални работни групи за датум на избори во рамки на Собранието. Бараат д абидеат вклучени во сите процеси. Очекуваат набрзо да се утврди датумот, согласно уставните и деловничките рокови.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат, власта во интерес на граѓаните и државата да се согласи, парламентарните избори да бидат во ист ден со вториот круг на претседателските.

Очекувам, Димитар Ковачевски да го надмине своето его, и во интерес на државата и граѓаните да го прифати предлогот за спорени избори – рече пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Од СДСМ, нема конкретен одговор дали и кога ќе покренат иницијатива за работна група.

Секако дека разговараме за избори, тоа е редовен процес и ние како политичка партија која претендира да добие уште еден мандат, се подготвуваме – одговори кратко пратеникот од СДСМ Мартин Костовски.

На последната координација собранискиот спикер повторно побарал од партиите да ги усогласат ставовите и да договорат датум за избори. Доколку до нова година тоа не се случи, тој ќе распише избори.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста