Албанија пред Македонија во ЕУ?-Отежнатиот пат станува уште потрнлив

Македонија и оваа година ќе извиси за датум за почеток на преговорите за влез во Европската Унија, сметаат дел од аналитичарите. Главна улога во тоа ќе игра проблемот со Бугарија, но и високото нивото на корупција во државата на која би можеле да реагираат дел од членките на европското семејство.

Аналитичарот Петар Арсовски за Алфа вели дека во моментов се случува најлошата опција по парламентарните избори во Бугарија, односно  нема да се формира влада и ќе се оди на нови предвремени избори, а тоа за Македонија значи уште една изгубена година за евроинтеграциите.

На самитите во јуни е можно да се случи Албанија да ги почне преговорите, а Македонија не. Ќе видиме што ќе се случи затоа што до лани некои земји инсистираа двете земји да одат во пакет кон ЕУ, а некои бараа да се одвојат и Македонија да ги почне преговорите, а Албанија не. Сега е можно само Албанија да ги почне и тоа е најлошата можна варијанта за нас. Ќе останеме заборавени-вели Петар Арсовски – аналитичар.

Поранешниот амбасадор во В.Британија, Донев вели дека која и да раководи со Владата во Бугарија проблемот нема да се реши во  корист на Македонија. И тој не очекува во скоро време одобрување на преговарачката рамка.

А токму за спорот меѓу Македонија и Бугарија, денеска по средбата со шефот на државата Пендаровски се огласи и еврокомесарот Вархеји.

 Ја истакнав поддршката за официално отворање на преговорите за членство и потребата Советот на ЕУ да се согласи за преговарачката рамка. Важно е С. Македонија и Бугарија да изнајдат заеднички прифатливо решение-рече Оливер Вархеји – еврокомесар.

Аналитичарите велат добро е што се упатуваат вакви пораки, но факт е дека не секогаш пораките од еврокомесарите се согласни со ставовите на земјите членки на ЕУ.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста