Албанија пред Македонија на патот кон ЕУ: Во Тирана Макрон и Берлински процес, во Скопје Фон Дер Лајен да ни порача дека мораме да менуваме Устав

Албанија пред Македонија на патот кон ЕУ: Во Тирана Макрон и Берлински процес, во Скопје Фон Дер Лајен да ни порача дека мораме да менуваме Устав

Самит на Берлински процес и цел европски крем во Тирана, и билатерална средба на Еди Рама и Емануел Макрон, во Скопје пак претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, со порака дека ако не го промениме Уставот нема да напредуваме кон ЕУ. Според познавачите ова е јасна порака дека Албанија е пред Македонија на европскиот пат и дека можеби веќе во декември ќе ги започне преговорите, со што ќе се одвои од процесот со Македонија. Според поранешниот амбасадор Мартин Треневски и Албанија има проблеми во одредени процеси, пред се со корупцијата, но сепак изгледа дека е пред Македонија на европскиот пат.

-Дефинитивно меѓународната заедница, конкретно Брисел сака да ни прати некоја порака со тие потези во смисол досега бевте кандидати во пакет меѓутоа заради нерасположението за промена на Уставот може и ова да ви се случи. Сум на стојалиште дека сепак разумот ќе превладее, а не тие брутални двојни политички интереси, изјави Треневски за Алфа.

И поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев има сличен став, Албанија може да почне преговори пред државава, бидејќи Македонија има услов преку кој тешко се минува, односно уставните измени.

-Се разбира дека е чекор пред нас, бидејќи таа треба веќе во декември да ги отпочне преговорите после последниот извештај што ќе биде сега во ноември на Европската Комисија. Секако е во предност, бидејќи таа нема услови како што имаме ние би рекол со недолично и непринципиелно ставање на Македонија пред еден рубикон каде што мораме да направиме каде што мораме да направиме уставни измени за да започнеме преговори, изјави Ѓорчев за Алфа.

Друг голем проблем за Македонија може да биде и состојбата со корупцијата и владеењето на правото. Според Треневски тоа е сигурно нотирано и од странските партнери, вели амбасадорите дојдени тука не се туристи, туку ја оценуваат работата на државава.

-Па ние имаме премиер, имаме советник за евроинтеграции, имаме и други структури, градоначалник поранешен на Скопје, кои преку ноќ станаа кои што преку ноќ станаа мултимилионери. Некој треба да се запраша чекај како, тие се деца на арапски шеици или на Бил Гејтс или слично, некој ќе треба отчет за тие работи, изјави Треневски.  

Инаку, очекувањата се дека Албанија во декември ќе ја добие втората меѓувладина конференција, со што и официјално ќе биде одделена од пакетот со Македонија. Ние засега добивма само прва меѓувладина конференција за сликање, но не и реалне старт на преговорите со ЕУ.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста