Аларм за колапс на здравствениот систем, охридските доктори гневни на државата: „Немаме медицински кадар за операции“

Македонското здравство тоне поради немањето стратегија и соодветна организација. Проблемот во болниците кои се соочуваат со недостаток на кадар не е локален,туку генерален и се провлекува повеќе од 15 години,а за а тоа единствено е виновна државата-велат лекарите од охридската општа болница. Покрај детското одделение,веќе извесен период и уролошкото одделение не фунционира,наместо болничко овозможува само амбулантско лекување. Докторите сметаат дека треба да се смогнат сили, истото да продолжи да работи, бидејќи тука спас наоѓаа пациети не само од останатите градови туку и од околните држави.

 Ние овој стручен кадар го имаме веќе 10 години истиот,немаме примено некого.Ние истите луѓе сме со истата работа,до 9-ти месец имаме само 300 операци и преку 4.500 прегледи.Сега луѓето седат на чекање за операции, има пациенти кои не можат да чекаат како што се тумори на бешика, крварење,деца мали со акутен скротум,Тоа е состојба каде во момент се решава и за жал ние седиме на работа и само им кажуваме дека не работиме на луѓето – рече Ристо Медароски-спец.уролог.

Состојбата во охридската болница воопшто не се разликува од останатите,ситуацијата е подеднаков иста во сите болници во Мадедонија и негрижата за здравството сега го зема својот данок.

Ево вечерва јас сум дежурен со пола екипа.Да треба да влезам со една најпроста операција,најсекојдневна како слепо црево, треба да собирам екипа.Од дома да викам болничар и сестра, извините тоа го нема никаде вели Мирко Лекоски-спец.хирург.

Наместо да се направи еден клинички центар кој ќе ги обедини сите медицински гранки, државата дозволува пациентите да шетаат од една во друга болница,од еден во друг град губејќи драгоцено време-вели доктор Лекоски.

Ова е уште ништо,ова е почеток на тонењето.Тоа е почнато од порано, меѓутоа сега сме некаде на дното затоа што само помалку специјалисти ќе имаме и дел од овие сите ќе заминат кој во приватните кој во пензија ќе заминиме ние повозрасните и овде ќе биде тешко за една наједноставна операција ќе се оди до Скопје – вели Мирко Лекоски-спец.хирург.

Лекоски како и останатите колеги кои имаат храброст да застанат пред камера бараат од ресорниот министер Филипче да го реши горливиот проблем со недостаток на кадар.

Росица Гулабовска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста