Аларм за дивоградби кај Градиште

На 36 локации вострого заштитен појас на автокампот Градиште се врши узурпација на земјиштето на кое се прават објекти од цврста градба со поставување на т.н. контејнер куќи погодни за живеење.Од здружението “ Оревче “ кои 22 години водат битка да си ги добијат денационализираните имоти,велат дека се работи за градежна експанзија од невидени размери.

Секојдневно ги гледаме камионите товарени, од Куманово ги носи фирма контејнерите,тие се со габарит 6 по 3 метри, а претходно се поставуваат бетонски плочи од 15 сантиметри,дебелина 8 метри на 12 метри со тераси, значи тие се статични.Значи во последниот период оваа градежна експанзија е многу поголема од претходно,значи тука е голема замешана мафија – вели Ѓорѓи Танески- Здружение на граѓани “ Оревче “.

 Пештанци велат дека за ова уште еднаш испратиле допис не само до надлежните инспекциски служби,туку и до Премиерот Заев и Вицепремиерот Николовски. Згора на се’ додаваат за да се постават станбените контејнери,се сечат борови, но никој не реагира,иако спаѓаат во заштитен појас на националниот парк.Измина точно една година откакобесправно се заѕидуваше крајбрежјето за време на полициски час.Тогаш под притисок на јавноста градежните инспектори се растрчаа,наводно спроведувајќи ја акцијата за рушење на нелегално изградениот ѕид,но пештанци тврдат дека ништо не е мрднато со прст.Со камиони постојано се носат градежни матерјали,забрзано се работи на диво,таму се’ е незаконски изградено, бидејќи нема урбанистички план за тој потег-велат пештанци.

Поради ваквиот начин на рушење,парцијално,кампањско, селективно,некои луѓе се чувствуваат едноставно над законот,се чувствуваат недопирливи.Се рушат шанкови, а се пропуштаат бетонски знадија и парапетчиња кои се длабоко навлезени во Охридското езеро – вели Андријана Башоска-граѓанска иницијатива “Глас за спас на Охрид”.

Како што веќе објави Алфа, на потегот од охридскиот аеродром ‘’Свети Апостол Павле’’,па се до Свети Наум има близу 20.000 дивоградби, дел од нив на исклучително атрактивни локации. На листата на дивоградби заклучно со месец март 2019-та се впишани вкупно 19.974 дивоградби за кои се поднесени барања за легализација.Од граѓанската иницијатива “Глас за спас на Охрид “ ја наметнуваат дилемата,во овој период од две години, уште колку дивоградби се впишани на листа на која има и големи хотелски објекти кои никнале на брегот на Охридското езеро.

Росица Голабоска

Advertisements