Ако се oди според планот, 4 милиони Унгарци ќе бидат вакцинирани до почетокот на мај

Унгарија  има доволно дози да вакцинира околу половина милион луѓе за  две недели соопштија здравствените власти. Новиот бран на вакцинирање ќе започне во среда, со 275 000 дози од вакцините на Синофарм и АстраЗенека.

Со оглед на тоа дека речиси сите здравствени работници веќе примија вакцина, следни во планот за имунизација се хронично болните соопштуваат надлежните. Унгарија одлучи вакцината на Астра Зенека  да ја користи за лица помлади од 60 години, додека вакцината на Фајзер ќе ја користат за повозрасните.

Досега во Унгарија пристигнаа 550.000 дози на кинеската вакцина Синофарм и дополнителни половина милион очекуваат до 15 март. Унгарските власти набавија и  46.000 на руската вакцина Спутник V.

До почетокот на мај, навистина се надевам дека околу 4 милиони Унгарци ќе бидат вакцинирани. Сепак, не зависи се од Унгарија. Не можеме да кажеме дали вакцините ќе пристигнат на време, но се надеваме дека завршиме со вакцинирање до почетокот на летото вели главниот инфектолог  Јанос Шлавик.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста