Aко планот на Џонсон не помине, ЕУ ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година

Европската Унија ќе го одложи Брегзит до февруари 2020 година ако британскиот премиер, Борис Џонсон, следната недела во парламентот не добие поддршка за својот договор.

Одложувањето би било со променлив карактер, што значи дека Британците може да ја напуштат ЕУ и порано, во ноември, декември или јануари, зависно од тоа кога би се ратификувал договорот.

По последниот пораз во британскиот Парламент, премиерот Борис Џонсон побара ново одложување на Брегзит. Иако писмото од Џонсон адресирано до првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск,е непотпишано, тој потврди дека го примил барањето за ново пролонгирање.

Истовремено, Џонсон испратил уште едно писмо во кое напишал дека одложувањето на Брегзит би било грешка. Од неговиот владин кабинет денеска порашуваат дека Велика Британија излегува од Унијата на 31 октомври.