Ако нема итни мерки за помош на стопанството и граѓаните, последиците во Македонија би биле катастрофални

Слаб економски развој, висока стапка на инфлација, скапотија, со овие предизвици ќе се соочи Македонија ако нема итни мерки за помош на најпогодените, алармиаат економските експерти. Аналитичарот Бранимир Јовановиќ вели дека Владата направила крупни грешки во реализацијата на мерките, зашто наместо на малите компании кои се дават во долгови, тие им давале пари на големите фирми кои веќе оставриле огромен профит.

Јовановиќ алармира дека инфлацијата ќе се продлабочува, каматните стапки ќе растат, а ќе се зголемува и јазот помеѓу богатите и сиромашните. ЕУ, вели, дури 40% од природниот гас го увезува од Русија, што значително ќе се намали, а цените ќе се зголемат. Тој вели дека Северна Македонија, како и Европа, ја очекува еден вид на стагфлација, односно продолжен период на инфлација, како во времето на 70-тите и 80-тите години на минатиот век.

Искуството од пандемијата со Ковид-19 покажа дека никогаш не може да се спречи економската криза, но она што Владите може да го направат, според Јовановиќ, е да преземат итни мерки.

  • Владите треба да го зголемат трошењето на финансии, но и да ги регулираат цените. Северна Македонија и Србија веќе почнаа да ги регулираат цените на основните прехранбени прозводи, а дел од земите во ЕУ ги регулираа и цените на енергенсите. Сите овие мерки бараат пари, Владите мора да обезбедат пари да ги спроведуваат овие мерки, а тоа може да се направи преку оданочување на богатите и преку задолжување, вели Јовановиќ и додава дека помошта која ќе ја дава Владата треба да биде насочена кон малите компании кои генерираат помал профит, а не кон оние кои се профитабилни и не го чувствуваат во иста мера ударот од кризата.

Јовановиќ вели дека по примерот на многу европски земји и Македонија треба да ги замрзне цените на нафтените деривати независно од светскиот тренд на покачување. Цените секако ќе растат, па затоа на Владата не и остануваат многу механизми, освен задолжувања.

На форумот посветен на влијанието на Ковид-19 врз економијата во регионот на Западен Балкан, домашни и експерти од регионот зборуваа за актуелната состојба со влијанието на Ковид-19 врз економијата, особено врз социјалната економија и начините како одделни земји се справуваат со неа.

Инаку, и без оваа нова криза Македонија беше на работ да биде презадолжена земја. Надминат е психолошкиот праг на јавен долг од над 60% од Бруто домашниот производ. Според официјалните податоци на Министерството за финансии вкупниот јавен долг на крајот на декември изнесувал 7 милијарди и 135 милиони евра. За само една година бил зголемен за дури 652 милиони евра. Едноставно кажано, за само 12 месеци, Владата го задолжила секој Македонец за дополнителни 326 евра.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста