Ако не во Влада, може во директорска фотеља – министрите без ресор нема да останат без работа

Министри без ресор има, но не и фрапантни резултати од нивото работење. Експремиерот Заев вчера рече дека овие министрите покажувале резултати, но сепак ќе ги укинел министерствата без ресор.

Ги укинуваме кабинетите на сите 7 министри без ресор во новата, уште подобра Влада предводена од #СДСМ и Коалицијата „Можеме“. Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна Влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, напиша Заев на фејсбук.

СДСМ за претходните парламентарни избори ветуваше помалку минситерски кабинети, но откако дојдоа на власт ветувањето не го реализираа. Но не заборавија да ги критикуваат своите претходници, дека имале повеќе министерства по глава на жител отколку Гереманија.

Македонија е убедлив негативен рекордер, 26 министри – и да се два милиона (население н.з.) што не се, на 81.000 луѓе во државата имате по еден министер. Ако ја погледнете Гeрманија на пет милини луѓе – еден, ако проверите Естонија, еве земји блиски по големина со Македонија – Латвија, Естонија, ќе видите 90, 100, 150 илјади (граѓани на еден министер н.з.). Тоа сметаме дека мора да се промени. Бројот на министри во Владата на СДСМ нема да надмине повеќе од 20 и ќе гледаме тој број да се намалува, рече Радмила Шекеринска на 07.10.2015

Наспроти ваквиот исказ на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска дека владата на СДСМ ќе брои максимум 20 министри, со тенденција тој број да се намалува, на 28 мај 2017, мандатарот Зоран Заев до Собранието ги достави Предлог-програмата и Предлог-составот на новата Влада, со вкупно 26 члена – премиер и 25 министри, од кои осум се министри без ресор.

Бардул Даути, Елвин Хасан, Хисен Џемаили, Музафер Бајрам, Зорица Апостолска,Едмонд Адеми ова се дел од министрите во Владата на Заев за кој ретко кој има чуено. Министри за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија,за странски иневстиции, и ред други работи се луѓе кои се плаќаат од народни пари, но што тие имаат до сега направено.

Кога ќе се напише нивното има на интернет пребарувачите речиси и да не излегуваат вести, освен по некоја посета и средба.

Апостолска која е министер за странски инвестиции минатата година не знаеше ниту да наброи кои странски инвестиции ги донеле.

Дел од дијаспората пак, особено сега пред изборите реагираа дека не чувствувале дека има министер за дијаспора, оти како што велат ништо не направил за нив.

Немаме ние некаков контакт со државата. Џабе имаме министер за дијаспора кога тој реално не ни контактира со нас, не можеме да разговараме со него, вели за Алфа Игор Механџиски – претставник на дијаспората од Германија.

Единствен минситер без ресор за кој има повеќе податоци и малку почесто се појавува во јавноста е Роберт Поповски – министер за комуникации, отчетност и транспарентност.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста