Ако не се одложеа изборите, Македонија денеска ќе гласаше

Корона вирусот го измести фокусот и на политичките партии.Наместо предизборна,власта и опозицијата водат битка за што помали последици од Ковид-19 за граѓаните. Светската пандемија e причината поради која кај нас наместо излезност и гласови на предвремените парламентарни избори се бројат новозаболени и за жал починати.

12 Април како термин за избори го одредија партиските лидери на средбата кај шефот на државата Пендаровски во октомври минатата година по француското не за добивање датум за преговори. Откако стана извесно дека изборниот процес нема да може да се спроведе и дека тоа дополнително би го загрозило здравјето на граѓаните партиите се согласија да го одложат изборното соочување. Владата донесе уредба за одложување на изборите. Неизвесно е кога тие ќе се одржат. Оптимистичките варијанти се движат од втора половина на Јуни до Јули.

Вонредната состојба треба да заврши на 16 април, доколку Пендаровски не донесе одлука за нејзино продолжување. откако ќе биде прекината ДИК треба да донесе нов роковник за изборите. Тогаш ќе биде познат и новиот термин за изборите кој претходно ќе биде договорен од политичките лидери.   Кампањата треба да трае 20 дена. Партиите веќе ги доставија кандидатските листи.

Друг проблем се јавува и со работата на парламентот. Законодавниот дом е веќе распуштен, но изборите треба да се одржат најдоцна 60 дена од распуштањето. Пратениците не се состанаа и за вонредната состојба и затоа ја прогласи претседателот. Нема да се состанат и да ја потврдат вонредната состојба. Спикерот Џафери е со став дека собранието нема мандат за тоа. За распуштањето расправа отвори и Уставниот Суд.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста