Акција за пошумување во Македонски Брод

Акција за пошумување во Македонски Брод

Акција за пошумување во Македонски Брод. Шест илјади дрва беа насадени во близина на селата Девич и Грешница, каде летово имаше голем шумски пожар.

Пошумувањето беше организирано од Општина Македонски Брод, поддржани од хуманитарната организација Свети Спас и од компанијата Џонсон Мети, а во неа учествуваа учениците од основното и средното училиште во Македонски Брод, како и вработени од сите јавни претпријатија од општината.

Во акцијата беа засадени 5.000 корени медоносен багрем и 1.000 корени бел бор.

„Пријателите се познаваат кога ви е најтешко, кога ни беше најтешко во летниот период, кога нашата општина ја зафатија голем број на пожари, тука беше со нас хуманитарната организација „Св. Спас“ и отец Оливер. Нашата соработка со оваа општествено-одговорна организација, продолжува. Честопати се поставуваше прашањето, што после пожарот?. Еве, што после пожарите, заедно со хуманитарната организација „Св. Спас“, заедно со нашите донатори Џонсон Мети, вршиме засадување на опожарените подрачја. Нашата соработка, се надевам ќе продолжи“ изјави Жарко Ристески, градоначалник на Македонски Брод.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста