Академик Абдулменаф Беџети алармира од растечка инфлација – зошто Владата не реагира?

Проблемот со инфлацијата е многу сериозен, на кој треба сериозно да се работи, зашто и досегашните поскапувања се проблематични, предупредува Академик Абдулменаф Беџети. Според индексот на цените на мало инфлацијата веќе достигнува 4%, и според него, можеби годинава ќе заврши до 4,5% до 5% инфлација. Според индексот на цените на мало, тоа е сериозен сигнал дека тука треба да се оди многу внимателно, да се дизајнираат политиките, зашто тоа удира директно на потрошувачката кошница, а тоа не е нешто нестандардно кај земјите во развој, вели Беџети за Радио Слободна Европа.

  • Инфлацијата веќе реално достигнува околу четири проценти, пресметано по индексот на цените на мало, и тоа секако не може да остане на ниво кое беше проектирано – под два отсто. Можеби годината ќе заврши до 4,5- 5 отсто инфлација, според индексот на цените на мало, и мислам дека тоа веќе е сериозен сигнал дека тука треба да се оди многу внимателно, да се дизајнираат политиките, затоа што тоа удира директно на таа потрошувачка кошничка, која доминантно е од прехранбени производи, а тоа не е нешто нестандардно кај земјите во развој, вели академик Абдулменаф Беџети.

Во меѓу време, и стопанството и власта е мобилизирана за да го спречат големиот удар од цените кои веќе вртоглаво растат, предизвикани од ценовните шокови на европскиот пазар. Во меѓу време, од бизнис секторот веќе предупредија дека состојбата е неподнослива и ако Владата не преземе итни сериозни чекори, не очекува лошо време.

  • Глобалната економија за зголемување на трошоците на енергенсите, логично ќе придонесе ценовни оптоварувања на пазарот. Да се надеваме дека Владата навистина има паметна стратегија како да се намали ударот од ценовните струјења. Прашањето е тоа дали ваквата состојба ќе придонесе добро да се вклучме во енергетскиот систем, а Владата добро знае што значи либерализација на енергетскиот слободен пазар, вели меѓу другото за Алфа Миле Бошков, од Бизнис конфедерацијата на Македонија.

Капак на се е и потенцијалната енергетска криза, која може да повлече и поскапување на струјата, зашто цените заминале на горе и во Европа поради преорентирањето на Европската унија кон зелената агенда и затворањето на термоелектраните. Владите бараат решенија и излез преку мерки за да се амортизира инфлаторниот шок, кој во некои земји е драматичен.

Инаку, ноември ќе биде тежок месец за стопанството. Додека не стигне интервентниот јаглен со кој целосно треба да проработат РЕК Битола и Осломеј, цената на струјата за бизнисите ќе биде висока. Според очекувањата на ЕСМ, јагленот ќе почне да се користи за производство дури во декември. Ваквиот серизоен аларм барем засега не ја вознемирува Владата која вели дека ја следи состојбата, но засега не конкретизира дали и каква стратегија ќе употреби за шокот да се амортизира.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста