Академиците предупредуваат дека историјата како предмет не треба да се чепка

Реформа во образованието треба и е неопходна зашто се работи за значајно прашање – основното образование, но без укинување на предмети, особено не на историјата, сметаат членови на Одделението за општествени науки  во МАНУ. Академиците денеска се сретнаа со министерката Царовска, и и дадоа редица сугестии за подобрување на концепцијата.

Според академик Камбовски , во реформата траба да се најде листа на задолжителни предмети како историја, хемија и физика но треба да се вклучат и други компоненти, како буџетски вложувања, подобрување на статусот на наставниците и едукација за нова филозофија на учење со која се стекнуваат знаења и способности за совладување проблеми.

  • Укажавме конкретни сугестии во однос на структурата на наставниот план кој, според нас, слично на други развиени концепти, во рамки на осумте подрачја одредени како цели на системот на образование, треба да вклучи листа на задолжителни предмети, меѓу кои треба да се најдат и историја, и физика, и хемија, оние кои сега се групирани само како модули на заеднички предмет Општествени науки, рече Камбовски.

Според академик Таки Фити, најважно е да се промени пристапот на учење и реформата треба да почне со радикално преиспитување на наставните содржини и од нив да исфрли се што е второстепено и несуштинско.Посочи и дека прашањето за интегрирање на предметите не е незначајно и дека историјата треба да остане посебен предмет. Фити наведува дека треба да бидеме многу внимателни, особено кога станува збор за историјата.

  • Реформите во основното образование се императив и не смее да се одложуваат зашто многу лошо стоиме – и во однос на длабочината, и во опсегот на знаењето на основците, споредено со нивните врсници од високоразвиените земји. Тоа го потврдуваат и меѓунаропдни мерења, а тој јаз има тенденција и да се проширува. Затоа со реформи треба веднаш да се почне, рече Фити.
  • Мислиме дека треба да бидеме многу претпазливи, особено кога станува збор за историјата. Ние имаме проблеми со национална историја во мултиетничка земја, но лично мислам дека може историјата да си остане како посебна наука или да се најде креативно решение кое нема да ја наруши суштината на концептот, но исто така ќе придонесе за национален консензус околу овие прашања. Нема укинување предмети, особено не на историјата, истакна академик Фити.

Министерката Царовска по средбата со академиците изјави дека нивните ставовите треба да помогнат, за како што рече – некои елементи од реформата повторно да се разгледаат..

  • рече Мила Царовска – министер за образование.

Академици посочија дека мислењата се лични, односно став на Одделението за општествени науки. Засега МАНУ останува без официјален став во однос на предлог реформата на Министерството за образование и наука.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста