Ахмети: Време е за прв албански премиер во Македонија ; Заев: Jaс ќе бидам премиер на државата

Роденденска желба на ДУИ по повод 18 години од нивното постоење е албанец премиер на Македонија, порача Ахмети преку неговиот фејсбук статус.

Тој порача дека Албанец е на чело на Собранието, но дека сега е време за нешто големо – прв човек на Владата.

Вели денеска имало јазична рамноправност, и со целосно имплементирање на нормативниот дел од Охридскиот Договор, со три универзитети на Албански јазик, со училишта, болници, градинки, патишта, институции.

Денес го инсталиравме и начелото на консензуалност и во одлучувањето и во изборот, како и раководевме како Албанци и граѓани на оваа држава со Собранието, Министертвото за Одбрана и за Внатрешни работи, Народниот правобранител и Државниот правобранител, Врховниот и Уставниот Суд, но сега дојде време за нешто поголемо, пишува Ахмети.

На ваквите желби Заев експресно одговори – ако ДУИ има ваков услов за владина коалиција, тогаш нема да биде дел од идната Влада.

Доколу СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани на Северна Македонија, нешто што го докажав низ сите мои политики изминативе години. Соодветно на тоа, доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, пишува Заев на социјалните мрежи.

Дали навистина Заев ќе си остане на зборот дека ако ДУИ условува, нема да бидат дел од коалицијата ако СДСМ победи, останува отворено прашање.

Често екс премиерот даваше изјави кои по неколку дена сам ги деманираше, не беше толку одамна кога се колнеше во жицата дека името нема да се менува, прашуваше кој тоа ќе донел двојазичност низ цела Македонија, идентитетот ни бил бетон, а и платите ќе биле 500 евра…

По изјавите на Заев и Ахмети се огласија и од ВМРО-ДПМНЕ кои велат дека нивен кандидат мандатар ќе биде Христијан Мицкоски , но порачаа дека во овие моменти поважно е сите да се фокусираат кон заразата и рекордно црниот биланс на новозаразени, оти приоритет е здравјето на граѓаните.

 

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста