Ахмети со повеќе информации од Заев за решение на спорот со Бугарија?!

Има ли Ахмети повеќе информации од Заев за тоа кога може да се најде компромис со Бугарија.Зборувајќи за отворените прашања со источниот сосед во интервју за гостиварската телевизија Глоби,лидерот на ДУИ изјави дека се надева на решение напролет.

“Во интерес е и на Вашингтон и на Брисел да се реши ова прашање. Во овие 20 години ниту еднаш не сум бил разочаран од нивните постапки. Јас сум оптимист дека овој проблем ќе се реши уште во рана пролет. Решението ќе дојде пред парламентарните избори во Бугарија”, изјави Ахмети.

Според него македонскиот јазик и идентитет не се загрозени, а дебатаа ќе продолжи за историските теми.

Премиерот пак иако смета дека бугарското вето значи само изгубено време, не е оптимист за решавање на спорот пред изборите во Бугарија закажани за Април.

“Овој период треба да го искористиме за адаптирање, усвојување и спроведување на акциониот план. Министрите за надворешни работи нека продолжат со Бугарија. Нека креираат идеи. Да разменуваат искуства. Ако може да се реши пред изборите супер. Реков личен став не верувам во очи на избори дека тоа е можно, но ако може би бил многу радосен. Во најмала рака ќе ни помогне за после изборите да имаме посериозен исчекор во решенијата на овој проблем”, изјави Заев.

Во меѓувреме од Бугарија нема позитивни сигнали за решавање на проблемот иако поранешни разузнавачки структури најавуваат интензивен притисок од САД. Сепак вицепремиерот и министер за одбрана Каракачанов вели дека ниту тоа нема да ги принуди на компромис.

“Притисок не очекувам и тоа е втората голема наивност на политичарите во Скопје дека со промената на раководството во САД, некој ќе ја притисне Бугарија и Бугарија ќе потклекне и ќе ги спушти гаќите”, вели Каракачанов.

Претседавачот Португалија веќе најави дека проширувањето и наме да биде во преден план и дека Бугарија не треба да се обвинува за попречување на процесот.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста