Агресијата во пораст – епидемијата донесе сиромаштија, но и последици врз менталното здравје

Здравствената криза прерасна во социо – економска криза, а тоа е причина да се зголеми и бројот на насилства,покажуваат анализите на невладиниот сектор. Насилството и агресијата дома и во општеството стануваат се по евидентни, а се очекува состојбата допрва да се влошува..

„Оние кои биле насилни, сега ќе станат уште понасили, а дури ќе се случи, некои што воопшто претходно немале такви проблеми, да почнат да стануват насилни – смета Бети Пеева од невладиното здружение ЕХО – Штип.

Рестриктивните мерки ги нарушија секојдневните навики.  Беспарицата, отпуштањата од работа го зголемија стресот, а негрижата  на државата дополнително ја усложнува ситуацијата, коментираат граѓаните.

„Газдите не плаќале придонеси, ги зеле платите за работниците. Срамота! Државата треба да го среди тоа! Никој не води сметка за нас!Се лаже и манипулира. Граѓаните се збунети и нервозни и тоа многу влијае врз здравјето на граѓаните. КОга ќе почне оваа вакцинација , само Господ знае. Сето тоа се манифестира со кавги и нервози меѓу себе- велат граѓаните.

Системот не покажа моќ. Секое одоговлекување на пандемијата предизвикува фрустрација кај населението, а празнењето од стравот најчесто предизвикува агресија, сметаат експертите.

„Од се ова што се гледа сме немоќни. На пример вакцините,  четири – пет месеци беше ќе дојдат, нема да дојдат. Кај некој луѓе оваа вест делуваше смирувачки, седативно. Кога не дојдоа почна да расте фрустрацијата и стравот„-изјави Станислав Петковски, психолог.

И Светската здравствена организација предупредува дека во услови на Ковид важно е да се обрне внимание на влијанието на кризата врз металното здравје, посебно кај тинејџерите, повозрасните, како и кај групи со зголемен ризик на насилство. 

Александра Ристевска