Агим Красниќи со компањон од кондовската група побегнаа од затвор

Агим Красниќи најверојатно е избеган во Албанија, откако по викенд отсуството на се вратил во затворот во Штип дознава Алфа. Викенд користел и неговиот компањон од кондовската група, Сехад Рамадани и тој не се вратил назад во затворот за доиздржување на казната.

Двајцата бегалци кои беа осудени на по 15 години затвор, досега отслужиле 12 години, оттука се наметнува прашањето, што стои во позадна на бегството ако се знае дека за три години на Красниќи и Рамадани им завршува казната.

Дали кондовската група повторно се пушта во погон во пресрет на парламентарни избори? Нашите неофицијани информации говорат дека пред да биде дислоциран надвор од Македонија, Красничи имал средба во едно скопско кафуле со висок функционер од владеачка партија, но оваа информација досега не е официјално потврдена.

Агим Красниќи беше уапсен во 2008 година заедно со уште шестмина кои како злосторничка група беа фатени со нелегално оружје и обвинети за нерегуларности и предизвикување на неправилности на тогашните парламентарни избори. Групата доби 50 години затвор. Красниќи во септември 2017 прв пат доби право на отсуство по 9 години поминати зад решетки.

Тогаш за неговиот пречек кондовци подготвија ‘фешта’ со транспаренти „добредојде команданту“.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста