Агенцијата за туризам бара да се отворат ски-центрите

34 проценти пад бележи македонскиот туризам во првите шест месеци во 2020 година. За идната година Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, да ги ублажи последиците од ковид-кризата побарала 138 милиони денари од буџетот, но државата планира и одобри само 96 милиони денари. Агенцијата бара од Комисијата за заразни болести и од Министерството за здравство да донесат посебни протоколи кои ќе овозможат отворање на домашните ски – центри и продолжување на рокот за искористување на ваучерите. 

Искористеноста на ваучерите требаше да биде поголема. Понекогаш недостига контрола кога нашите туристички капацитеи се во прашање, но и дали статистиките се точни кога се работи за домашниот пазар.  Да, треба да продолжиме со ист или сличен модел на субвенцинирање кој Агенцијата веќе го подготви и ќе биде доставен до Министерството за економија и изложен на Координативното тело во понеделник-вели Љупчо Јаневски.

Во првите девет месеци од годинава бројот на туристите е намален за 60,4 отсто во Македонија. Во првите девет месеци, земјава ја посетиле 83,8 отсто помалку странски гости во однос на периодот јануари ‒ септември 2019 но и се уште земјава е во т.н. црвена зона, односно оние што ќе ја посетат, по враќањето дома или треба да седат во изолација 10 дена или им следува 14-дневен карантин. Пад има и кај домашните туристи за 20,7 проценти.

Во понеделник, на состанок на Координативното тело, се очекува сите комори, здруженија и асоцијации да дадат дополнителни предлози за ублажување на корона-ударот.