Агенцијата за јазикот во Централниот регистар заведена спротивно на Законот за употреба на јазиците

Агенцијата за примена на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, спротивно на Законот за употреба на јазиците во Централниот регистар е заведена и со краток назив Агенција за примена на јазикот на Република Северна Македонија. Владата призна дека краткото име кое освен во регистарот стои и на веб страницата на ова владино тело не е во согласност со законските прописи. Сепак владиниот портпарол не одговори конкретно дали владата ќе преземе нешто за смена на краткиот назив. Овој назив потсетува на формулациите на Бугарија за македонскиот јазик. Источниот сосед негирајќи го неговото постоење повеќе пати инсистира тој да биде признат како официјален јазик на Република Северна Македонија.

“Целиот назив на оваа агенција е Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија. За впишаното скратено име во централниот регистар владата укажува дека тоа не е во согласност со Законот за употреба на јазиците,” рече Арсовски.

Вчера за Алфа Илбер Села директор на агенцијата истакна дека постојат два назвиви ,а кусиот е поставен на интернет страницата од естетски причини. Иако се заложи за тоа дека недоразбирањата ќе бидат надминати и дека на интернет страницата ќе биде поставен официјалниот назив на агенцијата, сепак тоа до овој момент не е сторено.  

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста