Aгенција од САД прогнозира убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ

Kоалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе постигне убедлива победа на претстојните избори, предвидува анкета спроведена од елитната американска агенција Меклафлин.

Според резултатот од анкетите што денес ги претстави Џон Меклафлин од агенцијата, ВМРО ќе ја победи СДСМ во пет од шесте изборни единици каде има мнозинско македонско население.

Особено убедлива е разликата во 3 и 4 изборна единица, каде СДСМ не може да смета на поддршка од албанските гласачи. Таму ВМРО води со 39 наспроти 32 проценти (третата изборна единица) и 38 наспроти 33 проценти (четвртата изборна единица).

Во ИЕ 1, ВМРО води пред СДСМ со 28 наспроти 25 проценти, додека ДУИ и Алијансата на Албанците можат да очекуваат по 6 и 4 проценти од гласачите.

Во ИЕ 2 состојбата е слична, ВМРО води пред СДСМ со 26 наспроти 24 проценти, додека ДУИ води пред Алијансата со 6 наспроти 4 проценти од гласовите.

Во ИЕ 5%, листата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Игор Дурловски е 3 проценти пред СДСМ и Радмила Шекеринска (31 наспроти 28 проценти), додека ДУИ е скоро изедначен со Алијансата (5 наспроти 4 проценти).

Во ИЕ 6, СДСМ е далеку од нивната цел да ја победат ДУИ, па дури и Алијансата, и да се прогласат за победник во албанскиот блок. ДУИ има поддршка од 26 проценти од гласачите, Алијансата има 20 проценти, СДСМ е трета со 17 проценти, а ВМРО-ДПМНЕ може да очекува 12 проценти од гласовите.

Агенцијата Меклафлин работела на голем број успешни кампањи на републикански кандидати, вклучително и претседателот Доналд Трамп, покажувајќи како може успешно да се справи со лажни анкети изработени со цел да се изврши политичка манипулација од страна на неговите противници.

 

Анкетата на  една од најпознатите агенции во САД DBC Danube bussines consulting (Mc Laughlin) која, помеѓу останатото, е дел од тимот за истражување на јавното мислење и односи со јавност на американскиот претседател Доналд Трамп е нарачана и платена од ВМРО-ДПМНЕ.

Спроведена од 22 до 30 јуни по специјализиран метод на самата агенција.

Вкупно 5965 испитаници во 6 изборни единици (види твитови и слајдови за детали) се испитувани по пат на интервјуа направени по телефон или со директно интервју во кое се одговара на прашалник по принцип кој се применува од страна на Агенцијата од САД.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста