Аферата „Мафија“ може да ги врати визите?

Издавањето на над 200 македонски пасоши на криминалци, сериозно го нарушува угледот на државата, a се погласни се шпекулациите дека во игра е дури и укинување на безвизниот режим. Eкпертите за укинувањето на визите се со поделени мислења, но еденогласни се дека нарушен е меѓународниот углед на државата со издавање на оргинални патни исправи за лица кои ги бара и Интерпол.

Адвокатот Александар Тортевски се надева дека нема да биде укинат безвизниот режим оти процедурата е долга, но граѓаните на Македонија, вели Тортевски, кои ќе патуваат во странство ќе бидат детално прегледувани до степен да им одмили што решиле да отпатуваат некаде.

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски  вели дека алармот на меѓународната заедница е вклучен.

Љубомир Ѓурчевски кој е пак пензиониран началник во МВР, вели дека за жал сега Македонија нема да биде во можност да преговара за датум за почеток на преговори, туку за спас да не ни биде укинат безвизниот режим.

Дали македонските државјани ќе треба да вадат визи наскоро ако сакаат да одат во други земји засега е отворено прашање. Европската комисија е без конкретен став за случајот Мафија, но посочуваат дека  неисполнување на критериумите може да доведе до укинување на безвизниот режим.

Неисполнувањето на условите може да биде основа за активирање на механизмот за суспензија на визите, но суспензијата на изземањето од визи не е автоматски процес. Комисијата мора да ги земе предвид сите можни последици од суспензија на визното изземање за надворешните односи на ЕУ и на нејзините земјите-членки како и за ситуацијата со човековите права во земјите кои не се членки на ЕУ“велат од Европска Комисија.

Засега од ЕК нема конкретен одговор дали кои било од критериумите за слободен визен режим е загрозен по аферата со пасошите во Македонија.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста