Аерозагадувањето во Тетово расте, надлежните незаинтересирани за проблемот

Со започнувањето на грејната сезона, почнаа да растат и ПМ 10 честичките, кои деновиве во Тетово се постојано високи.Аерозагадувањето уште повеќе ќе расте во зимските месеци,предупредуваат екологистите.Истиот проблем како и секоја година, а локалните власти повторно се без никакви мерки и стратегија како барем да се ублажи состојбата,што е крајно несериозно, особено сега, во време на пандемија,кога вирусот е најопасен за дишните патишта.

  • Не е добро да се остават граѓаните во толкаво загадување во време на пандемија.Било какви болести со дишните патишта можат да завршат со Ковид.Затоа централните и локалните власти треба да се покажат одговорни и одлучни – вели Аријанит Џафери-“Еко герила”.

И тетовци не очекуваат од властите некакви мерки.Сами ќе се пазат, оти надлежните велат, не ги интересира.

Тетово изминативе години неколку пати се најде и на врвот на листата најзагадени градови во светот,но ниту ова не ги поттикна властите да најдат решение за проблемот.Она што константно го прават се сведува само на препораки.

Милена Вучевска

Advertisements