Аеродром се дави во ѓубре, граѓаните револтирани, општината бара од Град Скопје да преземе мерки

Аеродром се дави во ѓубре, граѓаните револтирани, општината бара од Град Скопје да преземе мерки

Скопје се дави во смет. Сликата на терен која ја регистрираше камерата на Алфа е очајна. Скопјани велат, не се задоволни од хигиената во градот. Сметаат дека градското комунално претпријатие не си ја има завршено работата. Проблемите се евидентни во повеќе делови на Скопје, а најмногу периодов во општина Аеродром. Граѓаните се револтирани.

Од општина Аеродром повеќепати реагираа дека јавното претпријатие во Градот не си ја врши работата за која што граѓаните плаќаат:

  • „И покрај фактот дека жителите на Аеродром издвојуваат финансиски средства за оваа намена, градската администрација и градското комунално претпријатие и понатаму продолжуваат со неодговорниот однос кон јавната хигиената во општината“ – Соопштија од Општина Аеродром.

Оттаму повторно јавно побараа градското комунално претпријатие да ги преземе сите неопходни мерки.

Но, службите на град Скопје не се чуствуваат одговорни. За нив, расфрални отпадоци нема. Велат, ѓубрето во Аеродром редовно се чистело, а одговорноста ја префрлаат на градоначалникот.

  • „Контејнерите кои се надлежност на „Комунална хигиена“ се целосно исчистени, редовно и без отстапки. За жал, општинската служба поради неспособното раководство на општината Аеродром е нефункционална“ – Одговорија од Комунално претпријатие на Град Скопје – „КХС“.

Каква е реалноста, регистрираше камерата на Алфа која затекна контејнери кои се прелеват или воопшто не функционираат, па граѓаните не можат да ги користат и мораат да фрлаат отпад околу нив.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста