Аџиев: Ниту една европска држава не покрена ревизибилен процес да се поништи лустрацијата

Дали Македонија е единствената земја во која се наметнува идеја за поништување на лустрацијата? Во ниедна источно европска држава во пост комунистичкиот период лустрацијата не е прогласена за ништовна.

Воглавно лустрациските закони и постапки во земјите во Централна и источна Европа предвидуваа разрешување, објавување и признание на лицата кои се наоѓаат на јавни функции, а за кои биле утврдени непобитни докази дека вршеле повреда на основните човекови права во името на комунистичата идеологија, или често само поради стекнување сопствена материјална и нематеријална корист, што во многу сегменти е слично со законот во Македонија.

И покрај тоа, кај нас пак имаше примери каде лустрирани лица и по одлуките на Комисијата вршеа јавни функции.

Поранешниот прв човек на Комисијата која ги чешлаше досиејата од поранешните комунистички тајни служби Томе Аџиев вели дека комисијата за лустрација во Македонија работела професионално, истакна дека за сите лустрирани има документи кои ги оправдуваат нивните решенија.

Ќе кажам дека сите предмети кои ги помина Комисијата за верификација на факти кои завршија со одредени решенија врз основа на кои беше прогласено дека одредено лице било соработник се прецизни врз основа на документи. Нема ниту еден предмет каде што фалат документи, или каде што нема документи или пак кај што некој креирал документи. 11 членови беа во комисијата сите ги гледаа документите и гласаа според својата совест, вели Аџиев.

Чедомир Дамјановски кој пак беше член во првиот состав на Комисијата за лустрација се согласува дека е правен преседан доколку со поништат одлуките на Комисијата. Тој вели дека дел од одлуките биле донесени со консензус, но дека за одредени имало и жолчни расправи.

Откако ДУИ го услови предлогот на СДСМ, се поизвесно е дека предлогот за поништување на лустрацијата нема да го донесе овој парламентарен состав.

Мери Ѓорѓиевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста