Адвокатот Страшевски најавува кривични за Судскиот совет

Судија поротник со истечен мандат не смее да присуствува на рочишта – уште едно предупредување од адвокатот Јовица Страшевски, бранител на екс градоначалникот Тони Трајковски, обвинет во случајот на СЈО, ТНТ, до претседателот на Судскиот Совет Киро Здравев.

Преку отворено писмо го повика да не потпаѓа под закани и уцени, веднаш да свика седница во врска со поротничката во ТНТ, Лилјана Ивановска Кочковска. Страшевски, поротничката во писмото ја нарекува поранешна бидејќи како што потсетува нејзиниот мандат истекол на 24 декември и според него, таа не сме да се појавува на судските рочишта за ТНТ.

– Зошто не излезете во јавност како орган кој треба да го контролира работењето на судовите и судии и не ги решите овие неспорни факти кои како дилема сакаат да се пласираат во јавноста? Затоа што молчењето е дел од стратегијата кој некој ја осмислил а сите Вие кои ја имплементирате ќе треба да одговарате пред органите на прогонот за што најавувам пријави до МВР и Обвинителството! – пишува во писмото Страшевски.

Вчера одбраната со отворено писмо се обрати и до поротничката Ивановска Кочовска и ја предупредија дека прави кривично дело ако се појави на судење по истечен мандат. Адвокатите Страшевски и Еленко Миланов најавија кривична пријава за поротничката. Мерџан Даути, кој ја брани Елизабета Најдовска вчера реагираше дека необезбедувањето на превод на албански јазик на документите и доказите е повреда на постапката а при неусогласеност на законите, треба да се применува законот за јазици.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста