Адвокатот Страшевски до поротничката Кочковска-Немојте да работите спротивно на законот

Отворено писмо до поранешниот судија – поротник Лилјана Ивановска – Кочковска, чиј мандат е истечен а беше спорен во случајот со шпанските скали, испрати адвокатот Јовица Страшевски. Во него ја повикува да не остане на поротничката функција оти тоа е кривично дело „лажно претставување“ според член 391 од кривичниот законик за кое дело е предвидена затворска казна. Во писмото Страшевски нагласува дека мандатот на поротничката престанал на 23 декември 2015 година, а дека судскиот совет не констатира престанок на мандатот . „Како поранешен поротник го ценам вашиот ангажман и труд да придонесете кон владеење на правото во нашата земја и се надевам дека после ова обраќање вашата совест и свест ќе проработи и нема да дозволите за туѓи интереси бидете натерана да работите спротивно на закон“, вели во писмото Страшевски.