Адвокатот на Веапоска очекува правда од институциите

После 4 месеци откако родилката Јелдиз Веапоска од Дебар која уредно побарала од Институтот за патологија да ги добие органите, конечно денес и беа дадени примероци од извадениот бубрег, матка и јајник кои ќе ги однесе во друга референтна лабораторија за да направат уште една патолошка анализа. Во меѓувреме нејзиниот адвокат Сашо Јанев го чека извештајот од Лекарската комора чиј стручниот надзорпокажал дека немало пропуст во лекарската интервенција.Бидејќи се сомнева во истиот, Јанев вели дека од министерството за здравство ќе побара да се формира посебна комисија која повторно ќе го испита целиот случај.

Апсолутно ќе барам да се направи нова комисија, односно комисија која верувам дека објективно, непристрасно и во рамките на медицинската етика, ќе се одговорат сите непознаници, сите прашања кои во овој момент моите клиенти ги тиштат. Непојмливо ми е да мојот клиент влезе во струшката болница на еден обичен пороѓај, а после неколку дена да излезе без три органи.Значи апсолутно се сомневам во вистинитоста на тој извештај и затоа ќе приговарам – изјави адвокатот Сашо Јанев.

Неминовно е да се направи вештачење на наодот од стручна комисија,бидејќи овде има и конфликт на интереси-докторот од струшката болница Михамед Асани, е член на извршниот одбор на лекарската комора. Доколку не ги прифатат сите наши приговори и не формираат објективна и непристрасна комисија ,законот дава широка лепеза на правни дејствија кои ќе ги превземам-вели адвокатор Јанев.

Многу ретко се случува одговорност на лекарите, особено поради фактот што едните на другите си ги прават извештаите и слично,дотоколу повеќе што имав можност да слушнам од еден многу добар доктор кој рече, само доктор може да осуди доктор.Судот многу тешко може да осуди доктор ,јас верувам дека има конфликт на интереси, апсолутно сум убеден – изјави адвокатот Сашо Јанев.

Инаку се множат кривичните пријави на струшкиот гинеколог Михамед Асани.Пред два дена друго семејство од Дебар поднело кривична пријава против него.Станува збор за семејството Несимоски кои тврдат дека поради дека поради лекарска грешка на доктор Асани, двегодишното девојче Амила е во тешка здравстверна состојба.Од моментот на раѓањето на малечката Несимоски тврдат дека се по болници,причината за здравствената состојба на бебето им ја откриле лекарите од скопскиот Клинички центар. По пораѓањето бебето не заплакало 45 минути затоа што папочната врвка била обмотана околу вратот.Амила боледува од церебрална парализа.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста