Адвокатите на Мијалков тврдат дека случајот на нивниот клиент ја покажува спрегата на извршната власт – судство

Со однесувањето на министерот за правда Маричиќ и вицепремиерот Николовски, потпомогнато од Обвинителството за организиран криминал како и Кривичниот совет се создава опасна судска пракса каде што по нарачки се добиваат решенија. Адвокатите на Сашо Мијалков се жалат дека има правосилна  одлука на Апелациониот суд и неправосилна одлука на Основниот кривичен суд, а нивниот клиент е во притвор.

Основниот суд односно Кривичниот совет, кој заседаваше во тој миг, требаше да го спроведе решението и да даде допис до затворот за да излезе нашиот клиент. Ништо во тие четири часа не можеше да се смени во опасноста од бегство на нашиот клиент, а Кривичниот совет го имаше решението. Но под притисок на извршната власт координирана со Обвинителството, дадоа барање на кое судот експресно одговори и донесе решение со кое буквално плука по Апелациониот суд затоа што АС ги апсолвираше сите опасности од бегство-Звонко Давидовиќ, адвокат на Сашо Мијалков.

Дека Маричиќ јавно се меша во работата на судот покажале и тврдењата на експертите, велат бранителите на Мијалков, според кои, тоа е спротивно и на Законот за кривичната постапка, и бараат јавниот обвинител да ги истражи сите наоди и да оформи предмет врз основа на допрен глас. Адвокатите на Мијалков уверуваат дека  Апелација ќе ги прифати нивните жалби.

Резулуцијата на невиност него го заштитува, ние сме длабоко убедени дека нашите жалби, со аргументацијата што ја имаме пред Апелациониот суд и од негова страна ќе бидат прифатени и дека предметите ќе бидат вратени на повторно одлучување. Бидејќи според нас, нема издржана правна документација што би ги подрвдила првостепените пресуди-рече Љупчо Шврговски – адвокат на Сашо Мијалков.

Решението на Кривичниот суд не е донесено бидејќи Мијалков се дал во бегство, затоа што во двата дена кога исчезна , тој немаше обврска да седи дома и да претпоставува какво решение ќе донесе судот,  тврдат адвокатите. Тоа се докажало со резолуцијата на Ленче Ристевска со која се вели дека немало бегство и немало помагачи.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста