Административците во ГОБ „8 Септември“ со протест бараат надомест

Врие во ГОБ „8 Септември“. Револтирани и бесни административците и дел од техничкиот персонал во болницата излегоа на протест.Бараат да им се исплати еднократната помош од 30 000 денари затоа што и тие како и докторите работат со ковид пациети. Станува збор за 195 лица. Меѓу нив има и медицински персонал кои работат без продолжен договор, а 70 лица се без решение за работа веќе шест години.

“Како дел од најголемиот ковид центар во државата имаме право на тој паричен надоместок,како и нашите колеги со истата сума.Несомнено, целиот процес на давање на здравствени услуги, вклучувајќи и ги заболените од ковид започнува и завршува со нас.” – велат вработените во администрацијата на ГОБ „8 Септември“.

Административците го обвинуваат менаџментот на болницата дека веќе два месеци немаат никаков слух за нивните барања. Но затоа денеска во последен обид за се спречи протестот, раководството на болницата им доставило како што велат “лажен” документ каде било прикажано дека се обезбедени два милиони денари за да им се исплати еднократната помош.

“Овој проблем трае веќе неколку месеци.Ние за време на пазута на ваков начин го изразуваме нашиот револт и ќе продолжи се додека не ни се исполнат нашите барања и нашите права.” – велат вработените

Директорот на болницата д-р Христијан Костов денеска не одговори на повиците на Алфа. Но за порталот „Фактор“ истакна дека сите вработени во болницата заслужуваат да добијат награда, вклучувајќи ги и административците. Ја споменува само опцијата дека дека барем половина од тоа што добија медицинските сестри, болничарите и лекарите, треба да добијат и вработените во администрацијата.

“Најголемиот дел од парите ги обезбедив преку донации, а за еден помал дел чекам одобрување од ФЗОМ и од Министерството за здравство. Не би било во ред да останат сосема без никаква награда. Ако паричната награда која беше добиена за Нова година изнесуваше околу 28.000 денари за кои беа на црвента линија, тогаш административните работници би требало да добијат барем половина.” – истакнува директорот Костов.

Инаку, ГОБ „8 Септември“ иако се врати и на редовниот тек на работата, таму сè уште се примаат пациентите со најтешка фома на болеста. Во моментов таму се лекуваат речиси 80 пациенти болни од корона вирусот.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста