Распространет на површина од 1.130 метри квадрати опремен со современи ординации и апарати за физикална терапија, фитнес-сала со најмодерни справи, сали за аеробик, пилатес, јога, нутриционистичко советувалииште, парна бања, финска сауна и две ВИП-соби за масажа, Premium Physical Therapy & Sport Center, во склопот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, денеска ги отвора вратите за посетителите. Станува збор за најсовремениот и најмодерно опремен центар за здрав живот во земјава кој на едно место нуди комплетна интегрирана грижа за здрав живот – физикалната медицина и рехабилитација, нутриција и диетологија, функционален фитнес, мат, реформер и кадилак пилатес, аеробик и кик-фит аеробик, јога, сите видови масажи, парна бања и финска сауна и во него работи докажен тим на доктори, физиотерапевти, доктор по спортска медицина, нутриционисти, професионални тренери и сертифицирани инструктори со долгогодишно искуство зад себе. Цените за сите услуги кои се нудат во Premum центарот од физикална терапија, нутриција па сè до пакетите за вежбање во најмодерно опремената фитнес-сала се достапни и конкурентни, а клиентите добиваат врвни и професионални услуги од стручен и искусен тим. Covid – safe според сите безбедносни протоколи Premium Physical Therapy & Sport Center работи според строги ковид-протоколи, сместен на приземје располага со природна вентилација, целосно е одвоен од болницата и се врши редовна дезинфекција на целиот објект и на справите за вежбање, кои се поставени на безбедно растојание, а бројот на посетители во салите за вежбање е ограничен на максимум 15 лица. Нашите заложби за здрав живот ги препознаа голем број истакнати спортисти кои оставиле траен белег во македонскиот спорт – најдобриот ракометар на сите времиња и селектор на машката ракометната репрезентација, Кире Лазаров, актуелниот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија и поранешен истакнат кошаркар, Перо Антиќ, еден од најдобрите македонски фудбалери и актуелен капитен на фудбалската федерација на Македонија, Горан Пандев, поранешниот капитен на женската ракометна репрезентација, голманката Гордана Нацева, како и поранешниот борач во слободен стил и олимпски шампион Шабан Трстена. За нас е огромна чест што токму вакви врвни спортисти кои повеќепати ја направиле нашата земја горда се наши бренд-амбасадори. За нивните достигнувања во спортот ќе бидат одликувани со свои портрети во Premium Physical Therapy & Sport Center. Центар за физикална терапија со единствена хидролента во земјава Центарот за физикална терапија и рехабилитација, сместен на површина од околу 300 метри кавадратни, е опремен со најсовремена апаратура, простории за рехабилитациска терапија и нуди можност за превенција и третман на сите спортски повреди, патолошки состојби и болести, вклучувајќи индивидуален планови за третман и вежби. Единствено во Македонија располага со подводна хидролента за изведување хидротерапија. Хидролентата е одлична при започнувањето со физичка активност кај лица кои сакаат да ја намалат телесната тежина или имаат болки во грбот и зглобовите, ‘рбетот и при третман на скршеници и други травматски повреди. Предноста на подводната хидролента е елиминирање на земјината тежа, намалување на притисокот врз зглобовите и јакнење на мускулатурата. Хидролентата наоѓа примена при рехабилитација на скршеници и хируршки интервенции на дискус хернија, но сè почесто се користи и како подготовка во тренинг-процесите на професионалните и аматерските спортисти. Токму во центарот за физикална терапија и рехабилитација голем број спортисти, меѓу кои и ракометниот репрезентативец Стојанче Стоилов, години наназад успешно се рехабилитираат и подготвуваат за враќање на терените. Физикалната терапија и рехабилитација дава можност и за лекување пациенти кои од кои било причини не смеат да примаат лекови или да подлежат на хируршки третман, пациенти со хронични заболувања или пациенти со ограничени, односно изгубени моторни функции. Истата се применува и по извршена операција заради враќање на нормалните функции на телото или кога постои ризик од прогресирање на болеста. Физикалната терапија се користи при третман на дисфункционалности при ревматолошки заболувања, постоперативна рана кардиорехабилитација, рехабилитација при невролошки заболувања и при третман при дегенеративни заболувања на целиот мускулно-скелетен систем. Центарот за физикална терапија содржи и две најмодерно опремени ВИП-соби за масажа и нуди спортска, медицинска и релаксациска масажа и нив ги изведуваат врвни физиотерапевти. Дополнително Premium центарот за здрав живот располага со парна бања и финска сауна, а за посетителите на располагање се и интегративни медицински услуги – миофасцијална релаксациска масажа, електроакупунктура, ласерска акупунктура, киропрактика, dry needling, sujok терапија, како и trigger points третман.