Во Аеродром се враќа повремениот репрезентативец Адем Мекиќ, кој стави потпис на едногодишна соработка со тимот на МЗТ. За него ова ќе биде втор предизвик во дресот на Металците, по оној во периодот од 2014-та до 2017-та година, кога настапуваше на три фронта, во домашното натпреварување, елитната АБА лига и Еврокупот. По заминувањето од „Јане Сандански“ две сезони мина во Куманово, а претходната ја одигра во Пелистер. Мекиќ е второто летно засилување на МЗТ Скопје, по ангажманот на Филип Бакоч. Обновени договори добија капитенот Стојановски, Магдевски, Маслинко, Крстевски и тренерот Кочов.