Аболицијата на Иванов не е „мртва“?!

Министерот за правда демантира дека судот во Стразбур одлучил аболицијата на Иванов да важи, но сепак потврдува дека токму врз основа на одлуката на тогашниот претседател на Македонија од април 2016 година има предмети за кои е започната постапка или пак  се во почетна фаза на комуникација.

„Она што е точно е дека пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, одредени лица обвинети или осудени во постапките на поранешното СЈО, почнаа постапка со која ги проблематизираат тековните судски постапки во Северна Македонија од аспект на аболициите на Иванов“,– вели Бојан Маричиќ – министер за правда

 Дел од правниците велат штом судот во Стразбур дозволи одредена апликација да го помине првиот филтер, се поверојатно е дека таа сериозно ќе биде разгледана, оти има основа .

До судот за човекови права има испратено дузина апликации од страна на обвинети или осудени луѓе од Македонија кои ја спорат судската одлука. Дел од нив се и за оние предмети кои се завршени или прикрај, а за нив имаше аболиција од страна на поранешниот  претседател Ѓорѓе Иванов. Тој ја повлече одлуката за аболиција, но голем дел од адвокатите и правните експерти и тогаш, но и сега велат еднаш дадена аболиција не може да биде поништена.

Пример за тоа е што Грција не дозволи екстрадицијата на поранешните функционери во МВР Горан Грујовски и Никола Бошковски, оти во Македонија ќе немале фер судење, но и ефектот од одлуката за помилување која не можела да се анулира, независно дали помилувањето во било која постапка или со било која одлука е ставено вон сила.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста