Aнтимакедонската политика на Бугарија провоцира инциденти 

Некои работи е очекувано да се случуваат бидејќи од бугарска страна постојано стигнуваат провокации и постојано се води политика која во основа е антимакедонска, па затоа потполно е нормални да се случуваат вакви инциденти-вели еминентниот историчар Александар Литовски, во врска со инцидентот кој се случи завчеравечер кога со огнено оружје беше пукано во просториите на бугарското здружение Цар Борис III.

  • Мислам дека сите што посериозно се занимаваат со политика и со некакви анализи, ова треба да им е добар сигнал дека ваквата политика на Бугарија не е добредојдена во Македонија особено со провокациите со имиња на докажани фашисти на нивните културни клубови таканаречени – изјави Александар Литовски-историчар.

Инаку ова не е прв индидент, во само три дена два пати е нападнат објектот во кој е сместено бугарското здружение,но од полицијата нема информација за откривање на можните сторители, сеуште велат од таму работиме на расветлување на случајот.Додаваат дека за настанот бил известен јавен обвинител, по чии насоки се преземале мерки.

Ваквите инциденти ги вознемируваат охриѓани,за обичните граѓани ваквите случувања воопшто не се наивни. Загрижени се бидејќи здружението се наоѓа на најфреквентниот дел во центарот на градот во гратскиот амам и доколку зачестат провокациите од било која страна, може да завршат фатално.Употребата на оружје само оди во прилог на Бугарија за да не претстават дека сме нецивилизиран народ,велат охриѓани. Оние кои се охрабруваат да зборуваат пред камера, се осмелуваат да кажат дека Македонија не смееше да се пазари со Бугарија. 

  • АНКЕТА : Историјата за македонскиот народ е повеќе од јасна, историјата за бугарите е повеќе од јасна ,тука нема потреба ни од комисии, нити пак од решавање на било какви други  прашања кои создаваат вакви непријатни сцени меѓу двата народи македонскиот и бугарскот народ.Мислите дека ќе ескалира ова доколку се отворат и во други градови,гледаме и тука не мируваат? Па мислам дека ако продолжат вака дека сигурно нема да оди на подобро на ваков начин Бугарија во однос на Македонија велат граѓаните.

Инаку по послендиот инцидент од државниот врв на двете соседни држави стигнуваат осуди и барање за откривање на сторителите, но и апел до граѓаните да се однесуваат европски.

Росица Голабоска 

Advertisements