920 книги со наслов „Бугарски народни песни од браќата Миладинови“ како донација завршија во Македонија

Обидот 920 книги со наслов “ Бугарски народни песни од браќата Миладиновци” како донација да завршат  во Македонија,не е случаен,тоа е чиста пропаганда на нашиот источен сосед.И ова не е прв пат Бугарија да провоцира манипулирајќи со делото на браќата Миладиновци.Да е почеток не,евакви притосоци се врешени од многу поодамна,секако дека не боли,вели Ристо Миладонов-потомок на браќата Миладиновци.Тој прв пат јавно проговори за неправдата кон браќата Миладиновци,Македонија вели никогаш не им се оддолжи на Димитрија и Константина

Димитрија Миладинов фигурира како прв македонски национален преродбеник кој што во црковите барал да се воведува македонски јазик, народниот говор,старославјанскиот, за народот да го разбира што пее свештеникот. Барал свештеници наши македонски а не грчки, отворал школи на мајчин јазик низ цела Македонија-рече Ристо Миладинов.

Откако бугарите успеале да издејствуваат ова вредно дело на браќата Миладиновци да се печати кај нив, тие многу мудро ja искористиле незаинтересираноста на Македонија да го чествува нивниот лик и дело, печатејќи го зборникот во 5 примероци.

Што правиме ние, зошти ние молчиме? Дај да издаваме и ние,дај да правиме прослави и ние,да кажиме.Се срамиме ние да кажеме дека Миладиновци се од Струга, се срамиме дека има потомци  во Струга? Да се фалиме треба, а не да ме бркаат.Останавме на маргините,ние дојдовме едни време на улица да продаваме весници со тезга и никој не се опули за тоа, што е страшно-рече Ристо Миладинов.

Имаше обиди да не побугарчат, овде во нашата семјена куќа се убидуваа да не притиснат да се определиме како бугари,но никој не застанал зад нас.Сме рагирале, сме барале поддршка од државата,но никој не ни сврте глава-вели Миладинов.

И сега сето тоа се заборава ,многу јубилеи поминале во Македонија во Струга за браќата Миладиноци државава стално се оглушуваше  од тоа.На сето тоа треба цврсто да се застане како држава со сите пропратни установи кои што треба да им одговорат на тие негаторски однесувања нивни-рече Ристо Миладинов.

Зборникот на Миладоновци за прв пат во Македонија беше отпечатен по повод 100 годишнината од нивната смрт. Миладиновци никогаш не престојувале во Бугарија, откако пропаднал нивниот обид зборникот да се печати во Русија, под притисок на римокатоличкио епископ Јосип Јутрај Штросмаер, зборникот се печати во Бугарија и добива наслов “ Бугарски народни песни од браќата Миладиновци”.Иако во истиот се содржани 660 македонски песни и само 76 бугарски песни.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста