Унгарија ги отвара границите за Србите

Унгарија денеска ги отвори своите граници за државјаните на Србија, соопшти унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на граничниот премин Реске по средбата со српската министерка за евроинтеграции, Јадранка Јоксимовиќ и првиот човек на покраината Војводина, Иштван Пастор.

Државјаните на Србија денеска од 10 часот можат да влезат во Унгарија без тест за Ковид-19 и карантин од 14 дена во соседната земја. Влегувањето во Унгарија е можно на сите девет гранични премини, изјави унгарскиот министер.
Како што рече Сијарто, Србија е прва земја надвор од Европската унија со која Унгарија ги отвора своите граници, односно ги ублажи мерките за време на епидемијата на коронавирус, бидејќи и двете држави успешно се справија со епидемијата и го враќаат фокусот на заштита на животот и здравјето.

– „Денес ќе им овозможиме на граѓаните на Србија и Унгарија слободно да ја преминат границата меѓу двете држави.
Ова ќе придонесе нашите економски односи да добијат нов интензитет“ рече Сијарто.

Сијарто ја претстави и програмата за економски развој во српскиот регион Војводина. Унгарија помага со 6 милијарди форинти (17,1 милиони евра) за поддршка на средни и големи проекти во регионот. Местото на Србија е во ЕУ, вели Сијарто.

Министерката Јоксимовиќ истакна дека ова е важен настан за граѓаните од двете страни на границата, што е резултат на вистинското добрососедство, при што ја поздрави поддршката на Унгарија за евроинтеграцискиот процес на Србија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста