9 години за Боки 13, ослободителна за Ременски: Пресуда за „Меѓународен сојуз“

-Вие сте слуга на Зоран Заев. Најголемата хиена. Ова е доказ и во негова интервенција носите пресуди. Господ ќе суди, господ ќе казни, бурно реагираше Јовановски.

Видно вознемирен по изрекувањето на пресудата Боки 13  без да добие збор и порача на судијката дека казната од 9 години затвор која му беше одредена е доказ дека е слуга на Зоран Заев и замина од судницата.

Пресудата е одмазничка и според неговиот татко, Миле Јовановски, пред сѐ затоа што неговиот син презентирал инкриминрачки пораки со Русковска и други функционери. Според Миле Јовановски, цела Влада и Заев знаеле за сѐ, а се кријат.

Македонија нема правда, Македонија има од дон Заев само пипците му се останати. Нека не чекааат правда, Македонците, Албанците и сите други кои живеат во Македонија, правдата е умрена“, рече Миле Јовановски.

Според пресудата Боки 13 ги довел во заблуда и ги  измамил Адријан Амзоски и Силјан Мицевски искористувајќи ја невладината организација, а перел и пари.

Во целата измама му помагала Јасна Ерцеговиќ која доби 4 годишна затворска казна. Асистентката Кристина Блажевска исто така учествувала во кривичното дело  перење пари и судот и изрече казна затвор од една година. Татко му на Боки,  Миле Јовановски доби условна казна во период од 5 години.

Ослободена од обвинението беше само екс- пратеничката на соцјал демократите Фросина Ременски која според судот не учествувала во измамата на бизнисмемите.

Обвинителката Ивана Трајчева е незадоволна и ќе се жали на ваквата пресуда.

  • „Оттука за мене како обвинител кој го застапуваше овој предмет во текот на судската постапка навистина е нејасно како судот не утврдил кои се дејствијата на влијание, бидејќи тоа ѝ се ставаше на товар, и дека го сторила делото за кое се товареше бидејќи самите посочија дека токму поради нејзината личност, функцијата која ја извршувала во тој момент довело до потпишување на овие договори. Кога ги имате овие два факта кои и судот самиот ги прифатил, навистина не знам како на крајот судот донел заклучок дека обвинителството во текот на постапката не докажа дека го сторила делото“,рече Трајчева.

И одбраната незадоволна од пресудата.

  • Не ми е јасно дека судот веројатно има посебни способности, кога со таква прецизност ги утврди наводните пачки, во кој износ биле. Наводните пари судот вели биле потрошени за лични деловни потреби. Каде е доказот за тоа? Ова е пример за пресуда каква не треба да биде донесена. Секако ќе биде обжалена, рече Дуковски пред Кривичниот суд.

Единствено задоволна од судот излезе Ременски.

  • „За случајот и премногу зборував и за целокупното постапување и за целиот случај, мислам дека и денешното укажување што го направи судот по однос на функционерите и политичарите е нешто за што навистина треба сериозно да се размисли. Сакам да имате разбирање за денешната моја состојба, да си ги средам емоциите од овој долг измачувачки процес за мене и ќе ви стојам на располагање за сите прашања и одговори што ќе ги имате од мене“ – рече Ременски по пресудата.

Правното лице Меѓународен сојуз кое исто така беше осудено во судскиот предмет, треба да плати еден милион денари, 15 дена откако пресудата ќе стане правосилна.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста