84-годишната прилепчанка Елена Макалоска ја победи „Короната“

По преживеаната  едномесечна агонија, за семејството Макалоски од прилепско Големо Коњари, денешниот ден е еден од нивните најсреќни денови. Нивниот најстар член и една од дури тројцата позитивни членови на Коронавирусот во семејството, 84-годишната Елена Макалоска, денеска излезе од прилепското Инфективно одделение, како излекувана, откако таму поминала цели три недели. Според нејзиниот син, Рубин Макалоски, баба Елена имала повеќе хронични заболувања, па оздравувањето од оваа сериозна заразна болест, за нив е вистинско чудо.

Во семејството Макалоски, освен баба Елена, позитивни на Коронавирусот биле и нејзините две ќерки кои живеат во Прилеп, но не и нејзниот син и снаа кои живеат во заедница со неа. Не знаат кој од кого, како и кога се заразил. Ама, за среќа, сега сите три се добро, и по двата последователно направени тестови, кои биле негативни, се водат како оздравени.

Утринава, при излегувањето од Болница, баба Елена, во знак на благодарност кон персоналот од Инфективното одделние, посакала да се фотографира со нив, за спомен, како што, низ насмевка им рекла самата, на што, се разбира, со задоволство и било удоволено.

Инаку, баба Елена Макалоска е една од највозрасните пациенти која за цело време на болеста се лекувала на Инефктивното одделние и е прва на таа возраст која успеа да го победи Коронавирусот.

Каролина Дурло 

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста