83-ца Македонија чека да бидат екстрадирани дома
Дури за 226 лица Министрството за правда побарало есктрадиција од почетокот на годинава. Од нив, за 143 е завршена постапката односно поголем дел ни биле испорачани,а дел одбиени од државите каде што биле уапсени.
Палчо од Турција беше испратен во Македонија само по пет месеци од барањето за екстрадиција, а за случајот Монструм кој исто така ја потресе македонската јавност со петкратното убиство кај Смилковското езеро, со години Македонија чека испорака на двајцата осудени на доживотен затвор. Вчера беше испратено третото барање за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ до Косово.
Макердонските министер за правда не гледа причини тие да не бидат испорачани, но официјална Приштина досега нема дадено никаков повратен одговор. Косовскиот министер кој вера беше во посета на Македонија не одговори конкиретно дали, како и кога ќе биде одговорено на македонското барање. Побара само овој случај да не се поврзува со екстрадицијата на Блерим Рамадани по кој трага Србија.
Се очекува официлен Белград да достави барање месецов за негова екстрадиција. Но, Рамадани, поранешен војник на ОВК, кој беше уапсен на граничниот премин помеѓу Косово и Македонија и на 17-ти јули заврши во Шутка, од денеска оди во ќуќен притвор. Таква одлука донел судот.
- „Министерството за правда има добиено известување од МВР дека е уапсено лицето Блерим Рамадани и дека му е одреден 30 дневен екстрадициски притвор. Министерството за правда единствено е надлежно да носи одлука кога судот правосилно ќе утврди дека се исполнети законските услови за екстрадиција. За сите натамошни активности во врска со овој случај ќе бидете навремено информирани“ велат од Министерството за правда.
Според прописите за редовна постапка, надлежните во Србија дека имаат рок од 40 дена да достават барање за екстрадиција. Истовремено, Правда го известеле и МНР дека на косовски државјанин му е изречена мерка притвор.
Инаку Македонија бара да бидат испорачнаи дома и двајцата осомничени од групата од Грчец на кои им с еставаат на товар повеќе кривиччни дела, меѓу кои и убиство. Иако нашата држава побара од Обединетите Емирати испорака на двајцата криминалци Мухамед Чајани и Шеваљ Муареми уште во март годинава, надлежните таму немаат се уште одговор на истото.
Додека ние бараме дестици лица да бидат вратени дома и да бидат изведени пред лицето на правдата или да бидат сместени во затвор, непознато е колку екстрадиции с епобарани од нас. Министерството за правда ги има бројките, но согласно законот не смее да ги споделува со јавноста.