83 нови случаи со корона вирус во Србија

Во Србија во изминатите 24 часа се регистрирани 83 нови случаи со корона вирус од извршени 4.356 тестирани.

Во истиот период починало еден пациент, додека 43 пациенти се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата во Србија потврдени се вкупно 31.356 случаи со корона вирус, а починати се 711 лица.

Во моментов 626 луѓе се во болница.

Во земјата вкупно се тестирани 925.208‬ лица.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста