80 годишна старица почина во пожар во тетовско Жилче

80 годишна старица од тетовско Жилче утрото изгоре во пожар во помошен објект до куќа, каде престојувала.Огнот прв го забележал синот, кој со сопругата веднаш пробале да ја спасат, а набрзо пристигнале и пожарникарите.Пожарот најверојатно бил предизвикан од печка на дрва.Синот и снаата при обидот да помогнат , добиле полесни повреди и загушување.

Ваквите случаи, секогаш го отвораат прашањето за потребата од дополнителни противпожарни пунктови низ тетовските општини, со цел побрзо да се стигнува.За нив само се најавува пред секои избори, но, досега тоа не го реализирала ниту една општина.

Тетовската противпожарна единица,освен што се соочува со недостиг на вработени и опрема, покрива огромна површина-градот Тетово,но и други пет големи општини.Пунктовите би биле од големо олеснување,а неретко и одлучувачки за спас на човечки животи при пожари.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста