80 деца од штипско училиште се во изолација

Педесетина ученици од две училишта во Штип  од денес се во изолација, откако нивните наставници добиле резултати дека се позитивни на вирусот. Со нив бројот на изолирани деца за само 24часа достигна осумдесет.Штипските епидемиолзи претпоставуват дека станува збор за британскиот сој, но засега немат потврдна информација од МАНУ.  Од вчера во изолација се и две групи од предшколска возраст. Занималните каде престојувале децата се заклучени, а е извршена и целосна дезинфекција од страна на штипскиот Центар за јавно здравје. Од градинките алармираат децата да се носат најдоцна до 8.30, во спротивно нема да бидат згрижени. Новонастаната состојба  будно ја следат и од Кризниот штаб. 

 „Бројот на новозаболени  го надминува скоро три пати повеќе   бројот на оздравени. Така да  ќе предложам култната манифеставија Четерсе и годинава да  не се одржи, за да не создадеме нов кластер„ – изјави Николoв.

Во меѓувреме расте бројот на хоспитализирани пациенти. Болничките статистики укажуваат дека изминатите две недели за 30% е зголемен бројот на пациенти во болницата во Штип. Во моментот се хоспитализирани 43 лица, од кои  една третина се со потешка клиничка слика. Расте и црниот биланс. Во изминатите 48часа четири лица ја изгубија биката со вирусот.  Засега во Југоисточниот регион е мирно.   Во кочанската болница се хоспитализирани шестмина, а во струмичката 21 пациент. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста